По голема борба на Вембли, Ливерпул го освои Лига Купот на Англија победувајќи го Челси во финалето.
Ливерпул и Челси одиграа одличен натпревар и покрај тоа што немаше голови. Имаше одлични шанси, поништени погодоци, но по 120 минути игра беше 0-0. Пеналите требаше да го решат победникот.
Во 119. минута Тухел се реши да го извади голманот Менди кој имаше одлична партија, на негово место го стави Кепа Аризабалага како специјалист за пенали.
Но, пенал серијата беше неизвесна како и мечот. Двете екипи не промашија во ниту една од 10 обиди, па во 11. серија требаше голманите да шутираат. Голманот на Ливерпул, Келехер погоди, а Аризабалага биеше високо над голот по што славјето на црвените почна.
Ливерпул победи со 11-10 на пенали и го освои првиот трофеј оваа сезона.
Пенал серијата можете да ја видите на овој ЛИНК.






