Унаи Емери уште еднаш покажа дека е мајстор кога станува збор за европските натпревари, овојпат неговиот тим го елиминираше Баерн Минхен кој важеше за голем фаворит во одовј двомеч.
Виљареал со предност од 1-0 отпатува во Минхен и таа се покажа како клучна, Баерн Минхен не успеа да победи на свој терен.
Во првиот дел немаше голови, немаше ни многу шанси. Со почетокот на второто полувреме Баерн Минхен беше многу поконкретен, а тоа резултираше со гол на Левандовски во 52. минута за водство од 1-0.
Кога се очекуваше дека ќе има продолженија, се случи студен туш на Алијанц арената, Виљареал во 88. минута по една убава акција даде гол преку Чукуезе и израмни на 1-1.
Баерн не успеа да даде нов гол до крајот на мечот по што почна славјето на Виљареал.






