Дербито меѓу Ренџерс и Селтик важи за еден од најголемите градски дуели во светот, ривалството меѓу овие два тима е на највисоко ниво во секој поглед.
Стадионот полуде уште во третата минута кога Ремзи погоди за водство на Ренџерс од 1-0, но радоста на домаќините не траеше долго бидејќи Рогиќ во седмата минута изедначи на 1-1.
Пред крајот на првото полувреме Картер-Викерс постигна гол за комплетен пресврт и водство на Селтик од 2-1.
До крајот Ренџерс се обидуваше да избегне пораз, но не успеа.
Ако Ренџерс победеше ќе се израмнеше бодовно со Селтик. Но сега Селтик е на врвот со 79 бодови, а Ренџерс е на второто место со 73.






