четврток, 25 декември 2025

„Голазо“ на Асенсио, Реал лесно се справи со Алавес (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Кралевите“ се рехабилитираа по поразот од ПСЖ во Лигата на шампионите, вечерва Реал Мадрид пред своите навивачи стигна до триумф од 3-0 над Алавес.

Гостите одолеваа еден час, но не можеа да сторат ништо кога Марко Асенсио прекрасно погоди од далечина за „голазо“ и 1-0.

Во 80. минута, Реал изведе одлична акција за Винисиус Жуниор рутински да реализира за 2-0, а коенчниот резултат беше постигнат во финишот, Бензема погоди од белата точка за 3-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ