сабота, 20 декември 2025

Гол од пенал го реши дербито на Мадрид, Атлетико го совлада Реал (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Дербито на Мадрид заврши со победа на Атлетико, „колчонероси“ со овие три бода направија значаен исчекор кон топ четири пласман и настап во Лигата на шампионите.

Единствениот гол на мечот беше постигнат од пенал, Јаник Караско во 40. минута погоди од белата точка за голема радост на „Ванда Метрополитано“.

Карло Анчелоти направи голем број на измени за овој натпревар, па и покрај тоа што Реал ги одмараше ѕвездите, гостите имаа неколку добри шанси да избегнат пораз но Облак не дозволи да биде совладан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ