сабота, 27 декември 2025

Ѓоковиќ призна дека не ги почитувал мерките за изолација: Не сакав да го разочарам новинарот

Објавено на

часот

Сподели

Новак Ѓоковиќ се огласи на социјалните мрежи и се обиде да разјасни дел од своите постапки откако медиумите му го ставија животот под лупа. Србинот добил медицинско изземање за настап на Австралија опен поради позитивен тест на ковид-19 на 16 декември. 

Но медиумите веднаш се посомневаа откако со помош на социјалните мрежи беше забележано дека Новак Ѓоковиќ на 17 декември без маска доделувал трофеи и награди на церемонија посветена на млади тениски таленти во Белград. 

Францускиот весник Л’Екип исто така откри дека Србинот на 18 декември дал интервју и не ги известил дека е позитивен на ковид-19.

„Сакам да се обратам поради постојаните дезинформации околу моите активности и присуства на настани во декември. Овие дезинформации мораат да се корегираат, особено за да се смири загриженоста за моето присуство во Австралија, но и да се одговорат на болните прашања за моето семејство“ – вели Новак Ѓоковиќ. 

„На 14 декември присуствував на кошаркарски натпревар во Белград, по што беше соопштено дека неколку луѓе кои биле таму, се позитивни на ковид-19. И покрај тоа што немав симптоми, направив брз антигенски тест на 16 декември, кој беше негативен. Поради дополнителна претпазливост, истиот ден направив и ПЦР тест“. 

„Следниот ден присуствував на тениски настан во Белград на кој доделував награди на деца, и пред да дојдам на настанот, направив уште еден брз антигенски тест, кој исто така беше негативен“. 

„Немав симптоми и се чувствував добро, и известувањето дека ПЦР тестот е позитивен го добив дури подоцна во денот“. 

„Следниот ден, на 18 декември, бев во мојот тениски центар во Белград за да ја исполнам претходно договорената обрска за интерју и снимање со Л’Екип. Го откажав моето гостување на сите други настани освен интервјуто со Л’Екип. Се чувствував должен да направам интервју со Л’Екип, не сакав да го разочарам новинарот, но се држев до мерките за социјално дистанцирње и носев маска, освен за фотосесијата“. 

„По интервјуто, се вратив дома во изолација, но кога подобро ќе размислам, јасно е дека погрешив во проценката и дека требаше да го одложам интервјуто“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ