сабота, 27 декември 2025

Ѓоковиќ потврди дека лажел на патната декларација но се правда: Се работи за човечка грешка

Објавено на

часот

Сподели

Новак Ѓоковиќ синоќа беше обвинет дека лажел во патната декларација, односно изјавил дека не патувал или нема да патува 14 дена пред да пристигне во Австралија.

Србинот потврди дека не навел точни информации, но се правда дека се работи за обична човечка грешка на лице од неговиот тим.

„Податоците во патната исправа во мое име ги пополни лице од мојот тим, и како што им кажав на службениците за имиграција по пристигнувањето, мојот агент искрено се извинува за административната грешка затоа што означил погрешно поле. Се работи за обична човечка грешка, немаше никаква намера. Живееме во предизвикувачки времиња, во глобална пандемија и понекогаш може да се случат грешки. Мојот тим денеска обезбеди дополнителни инормации до владата на Австралија за да се разјасни ситуацијата“ – вели Новак Ѓоковиќ, кој најави дека повеќе нема да коментира обвинувањата што кружат низ медиумите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ