среда, 24 декември 2025

Ѓоко Зајков ја напушти Украина

Објавено на

часот

Сподели

Сопругата на Ѓоко Зајков преку социјалните мрежи потврди дека тие по голема голгота успеале да ја напуштат Украина и во моментов се безбедни во Унгарија.
 
„Драги пријатели ви благодарам на сите за грижата.
 
Јас, Ѓоко и Лука во моментот сме во Унгарија и сме безбедни.
 
Поминавме огромна голгота и изнагледавме многу лоши слики по патиштата низ Украина во овие 3 дена.
 
Сакам да се заблагодарам на премиерот Димитар Ковачевски за постојаната поддршка која ни ја даваше. Не познавам премиер кој е достапен на телефон 24 часа за сопствените граѓани. За секоја препрека по пат со него бевме во постојана комуникација и се правеше се што беше во рамки на можностите.
 
Воедно сакам да се заблагодарам и на македонскиот амбасадор во Унгарија, Горан Стевчевски за укажаната помош и логистичка поддршка. 
 
На сите луѓе кои се наоѓаат во Украина им посакуваме безбедно да стигнат во своите домови, а на украинскиот народ што побрзо поврорно да живее во мир. 
 
Пс. Да не се заборави најголемо благодарам на систер Моника Зајкова, што цело време беше со нас во контакт за време на нашето патување и не советуваше и упатуваше за секоја ситуација 
 
Ти благодарам Господе што не чуваше сите “, напиша сопругата на македонскиот фудбалер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ