Шериф Траспол беше најпријатното изненадување во Лигата на шампиони, силно оденка нивната победа над Реал Мадрид на Сантијаго Бернабеу во септември. Тимот на нашиот Бобан Николов сега остана без еден од најзалужните за овој историски успех, тренерот Јуриј Вернидуб побарал да се врати во родната Украина.
Тој решил да пристапи на единиците за територијалната одбрана и да ја брани својата земја од нападите на Русија.
На социјалните мрежи веднаш се појавија фотографии од Јуриј Вернидуб во униформа со двајца други војници.






