среда, 24 декември 2025

Германскиот тренер Гиздол избега од Локомотив Москва: Не можам да работам во земја чиј лидер води војна

Објавено на

часот

Сподели

Странците полека ги напуштаат руските клубови. Тоа го направи Андреј Вороњин кој беше помошник во Динамо Москва, а Германецот Маркус Гиздол замина од Локомотив Москва.

„Тренерската професија за мене е најдобрата во свет. Но не можам да работам во земја чиј лидер започна војна во срцето на Европа. Тоа не се моите вредности, па ја напуштив функцијата тренер на Локомотив“, вели 52-годишниот Маркус Гиздол.

„Не можам да бидам во Москва, да тренирам фудбалери и да барам професионализам а на неколку километри се издаваат наредби кои носат големи страдања на една цела нација. Ова е моја лична одлука и не се сомневам во неа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ