четврток, 25 декември 2025

Германскиот министер за здравство се понуди лично да го вакцинира Кимих против ковид-19

Објавено на

часот

Сподели

Џошуа Кимих беше еден од малкумината фудбалери кои решија јавно да проговорат за вакцините против ковид-19, фудбалерот на Баерн Минхен изјави дека не е антиваксер, едноставно е загрижен поради тоа што нема долгорочни студии.

Но откако Џошуа Кимих се зарази со ковид-19 и коронавирусот му направи оредени компликации, фудбалерот од средниот ред призна дека погрешил и најави дека ќе се вакцинира.

И додека ѕвездата на „баварците“ и репрезентацијата на Германија чека да помине одредено време по инфекцијата, министерот за здравство, Карл Лаутербах се понуди лично да го вакцинира.

„Се нудам лично да го вакцинирам и ќе му ги објаснам сите ризици. Мислам дека ризиците се многу поголеми доколку решите да не се вакцинирате“ – вели Лаутербах во разговор со магазинот Бунте.

„Никогаш не сум го судел поради тоа што не сака да се вакцинира, неговото тело е негова сопственост и сосема е нормално тоа што имал одредени стравови“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ