Иако има да одигра уште четири меча до крајот на сезоната, Фулам веќе е во Премиерлигата. Синоќа во Лондон се славеше нивниот пласман во елитата.
Митровиќ постигна уште два гола и дојде до бројката од 40 голови оваа сезона. Тој веќе го урна рекордот по број на погодоци во Чемпионшип во една сезона. Еден погодок синоќа беше на новото засилување на Ливерпул, Карваљо.
По последниот судиски свиреж славјето беше големо, навивачите влегоа во теренот на Кревин Котиџ.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=p3Eky3rVUW0 autoplay:0]





