четврток, 25 декември 2025

Фудбалерите на Манчестер јунајтед го сакаат Покетино за нов тренер, Рангник има друг фаворит

Објавено на

часот

Сподели

По отказот на Оле Гунар Солшер, „ѓаволите“ се одлучија за привремено решение, Ралф Рангник ќе го води тимот до крајот на сезоната, Германецот потоа ќе се повлече од функцијата и ќе работи како советник во следните две години.

Манчестер јунајтед во следните месеци треба да именува нов тренер, и според пишувањата на Сан, соблекувалната сака Маурисио Покетино да седне на тренерското столче.

Иднината на Аргентинецот во ПСЖ е под голем знак прашалник, се говори дека ќе замине од Париз по крајот на сезоната, па фудбалерите на Манчестер јунајтед преферираат тој да го превзеде кормилото на Олд Трафорд.

Сепак, Ралф Рангник има други планови, негов фаворит е Ерик тен Хаг. Холанѓанецот наводно размислува за заминување од Ајакс по скандалот со Марк Овермарс, и раководството на „ѓаволите“ внимателно ќе ја следат неговата ситуација во следниот период.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ