недела, 21 декември 2025

Фудбалер на Селта доби четири години затворска казна за сексуален напад

Објавено на

часот

Сподели

Судот во Алмерија го осуди шпанскиот фудбалер со четири години затворска казна, плус парична казна од 50.000 евра откако беше прогласен за виновен за сексуален напад.
 
Одбраната на Санти Мина најави дека ќе ја обжали пресудата.
 
Настанот се случил во 2017 година додека Санти Мина беше фудбалер на Валенсија. Тој додека бил на одмор во Мохакар заедно со неговиот пријател Давид Голдар, го извршил сексуалниот напад.
 
Давид Голдар беше обвинет дека сведочел на настанот но не направил ништо да го спречи нападот, но е ослободен од сите обвиненија како соучесник.
 
Санти Мина е 26-годишен фудбалер кој има настапи и за младинските селекции на Шпанија. Тој е од школата на Селта каде што ја почна сениорската кариера и каде игра сега, но од 2015 до 2019 настапуваше и за Валенсија.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ