среда, 24 декември 2025

Фудбалер на Норич тргна да се тепа, но кога виде дека е Ериксен… неговата реакција стана хит (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Кристијан Ериксен минатата недела се врати на фудбалските терени и за прв пат играше фудбал по Европското првенство, кога колабираше на теренот и добро ги исплаши сите.

Данецот денеска беше стартер и одигра 90 минути во победата на Бренфорд на гостувањето кај Норич од 1-3.

Пред крајот на првиот дел тој беше инволвиран во еден дуел по кој Брендон Вилијамс стана хит на социјалните мрежи. Кристијан Ериксен не бираше начин како да го сопре ривалот и со рагби старт го собори на тревата. Дефанзивецот беше изнервиран, дури тргна да се тепа, но кога виде за кого се работи, се насмевна и го прегрна Данецот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ