петок, 26 декември 2025

Фудбалер на Баерн Минхен има срцеви проблеми по прележан ковид-19

Објавено на

часот

Сподели

Минатиот месец, Џошуа Кимих мораше да го пролонгира враќањето на тренинг откако ковид-19 му направи компликации, Германецот имал вода во белите дробови, и за да не направи штета на срцето и последици на долг рок, мораше да мирува наместо да тренира.

Ковид-19 му создаде мака и на Алфонсо Дејвис, денеска беше објавено дека левиот бек има воспаление на срцевиот мускул.

„Синоќа, по деталните прегледи кои ги правиме на сите играчи кои прележале ковид-19, кај Дејвис беше забележан благ миокардитис, односно воспаление на срцевиот мускул“ – откри тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман.

„Не е ништо драматично, но ќе мора да одмара и нема да тренира во следните неколку недели“.

„Големи се шансите дека воспалението на срцевиот мускул е од ковид-19, но не можам да потврдам со сигурност“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ