Баерн Минхен во саботата со 1-4 триумфираше на гостувањето кај Фрајбург, но „баварците“ на зелена маса можат да останат без бодови поради една амтерска грешка и забуна при измените, Кингсли Коман остана на теренот и гостите неколку секунди играа со 12 фудбалери.
Од таборот на Фрајбург во прв момент најавија дека нема да ја оспорат победата, тренерот Кристијан Штрајх рече дека еден ваков потег ќе биде бизарен, но вечерва клубот соопшти дека сепак ќе поднесе жалба.
Во известувањето со кое беше образложен потегот, Фрајбург во ниту еден момент не бара службена победа, клубот појаснува дека практично е приморан на ваков потег поради правилата на ФФГ и решиле да достават жлаба по обемна дискусија и откако биле разгледани спортските, економските и правните последици.






