сабота, 20 декември 2025

Фиорентина ја победи Рома, Спинацола конечно се врати (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Рома го одигра еден од своите најлоши натпревари оваа сезона, тимот на Мурињо изгледаше уморно и без многу желба за надигрување. Тоа го искористи Фиорентина и дојде до лесни три бода.
 
Виолетовите поведоа уште во петтата минута кога Гонзалез кој беше соборен од Карсдроп, реализираше од белата точка за водство од 1-0.
 
Веќе во 11. минута беше 2-0 кога Бонавентура искористи една бледа реакција на одбраната на Рома.
 
До крајот на првото полувреме Рома се закани од слободен удар, Пелегрини за малку не постигна гол.
 
Во второто полувреме речиси и да немаше ништо, Фиорентина имаше неколку полушанси за трет гол, а Рома немаше ниту такви.
 
Во последните минути од натпреварот во игра влезе Леонардо Спинацола за кого ова беа првите минути по повредата која ја заработи на Европското првенство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ