ФИФА веќе подолго време најавува промени на трансфер пазарот, реформите ќе почнат со позајмиците.
Во иднина, минимално време на позајмица ќе биде од еден до друг преоден рок, а максималното време ќе биде една година. Ќе биде забрането фудбалер кој е веќе на позајмица во еден клуб, да биде испратен на позајмица во трет клуб.
Ќе биде лимитиран бројот на позајмици помеѓу два клуба, соработката ќе биде ограничена на три позајмици во еден правец, и три позајмици во друг правец.
Ќе се ограничува и бројот на позајмици, во сезоната 2022/23 клубовите ќе можат да дадат најмногу 8 позајмици (и да добијат 8 позајмици), во сезоната 2023/24 ќе можат да дадат најмногу 7 позајмици (и да добијат 8 позајмици) а во сезоната 2024/25 ќе можат да дадат најмногу 6 позајмици (и да добијат 8 позајмици).
Правилата нема да важат за играчи до 21 година, и играчи кои се продукт на школата.
За почеток, овие правила ќе важат само за интернационални трансфери, а домашните првенства ќе добијат рок од три години да ги имплементираат истите правила.
Целта на ФИФА е клубовите да престанат да „трупаат“ фудбалери и младите играчи подобро да се развиваат.






