Додека трае војната во Украина, Русија и руските клубови нема да можат да учествуваат во натпреварувањата на ФИФА и УЕФА.
Светската и европската фудбалска федерација одлучија да ја суспендираат Русија.
Тоа значи дека Русија нема да игра против Полска во баражот за пласман на Светското првенство.
И екипата на Спартак Москва е исфрлена од Лига Европа.
УЕФА работи и на раскинување на договорот со Гаспром кој е главен спонзор на Лигата на шампионите.






