среда, 24 декември 2025

ФФМ објави како може да се дојде до билет за мечот со Италија во Палермо (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Принципот е сличен како и за билетите за Европското првенство. Навивачите што сакаат да купат влезници ќе треба да се пријават преку мејл, а потоа во зависност од бројот на заинтересирани, ФФМ ќе прати код, па преку италијански портал за влезници ќе можат да купат.

Бројот на билетите за нашите навивачи е ограничен, а цените се по 12 евра.

„Поддржувачите на македонската А репрезентација кои сакаат ја бодрат нашата селекција на бараж натпреварот Италија – Македонија во Палермо на 24. март за пласман на СП 2022,  од понеделник (7. март 2022), можат да се пријавуваат за купување на билети за мечот преку следната електронска адреса: 

[email protected]

Заинтересираните поддржувачи на македонската репрезентација за купување билети за натпреварот на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо може да аплицираат за влезници до 15. март 2022.

Преку електронска најава (име, презиме и број на билети) испратени на e-mail адресата [email protected], најпрвин се пријавуваат заинтересираните навивачи за купување билети (два или најмногу четири билети). Доколку има можност истите да ви бидат ставени на располагање, на e-mail адресата од која е испратено барањето, добивате посебен код за пристап на следниот линк: 

https://www.vivaticket.com/it/ticket/playoff-qualificazioni-mondiali-2022-italia-macedonia-del-nord-guests/177386

Кодот за пристап и добивање можност за купување на билети за натпреварот на македонската репрезентација е ограничен, согласно регулативата за следење на фудбалски натпревари во услови на пандемија и регулативата за број на билети за гостински навивачи. 

Сите билети кои Фудбалската федерација на Македонија има можност да ги понуди за продажба на македонските навивачи се во секторот на стадионот определен за гостинските навивачи. Цената на чинење на еден билет изнесува 12. ЕВРА“, стои во соопштението на ФФМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ