понеделник, 22 декември 2025

Фенербахче се заинтересира за Барди

Објавено на

часот

Сподели

По Елиф Елмас, уште еден наш фудбалер би можел да заигра за Фенербахче, Енис Барди е мета на турскиот клуб.
 
Леванте оваа сезона нема да избори опстанок во Ла Лига, а во една таква ситуација јасно е дека ќе загубат и дел од фудбалерите, еден од оние кои најверојатно ќе си замине е Енис Барди.
 
Според „Фанатик“, луѓето од Фенербахче веќе стапиле во контакт со агентот на Барди и се распрашувале за условите под кои може да биде ангажиран.
 
Сепак Фенербахче не е единствениот заинтересиран за Барди. Тој имаше одлична партија против Италија и интересот за него расте. Претходно се пишуваше и за интерес на Реал Сосиеда, Бетис, Торино, Лацио…
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ