Патрис Евра е еден од учесниците во шоуто „Фриз д фиар“ на БиБиСи, поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед кажа три работи за неговото детство, а останатите требаа да погодуваат што е точно.
„Правев три работи пред да почнам да играм фудбал. Продавав дрога, просев пред продавница, барав пари, и работев во продавница за телевизори“ – рече Французинот.
Потоа ги шокираше сите: „Не работев во продавница за телевизори, другите две работи се точни. Имав 13 години“.
Левиот бек исто така откри дека пребарувал по канти и собирал сендвичи кои вработените во МекДоналдс ги фрлале.
„Понекогаш, на полноќ кога ги фрлаа ладните „Биг мекс“, пребарувавме по кантите да ги најдеме сендвичите и да ги јадеме“.
Запрашан како го напуштил овој живот, Патрис Евра рече: „Фудбалот ме спаси. Имав 17 години кога заминав во Италија. Паметам како таму ми служеа храна и имав сопствена соба“.






