На последните седум меча во Премиерлигата пред денешниот дуел Евертон имаше скор од шест порази и само една победа, поради ваквата форма Манчестер јунајтед беше сериозен фаворит, но на теренот не беше така.
Јунајтед беше подобар тим во воведниот период, не успеа да даде гол, по што работите се променија.
Клучниот момент се случи во 27. минута кога Гордон шутираше, топката го удри Мегваер, го смени правецот и влезе во мрежата на Де Хеа за водство на Евертон од 1-0 кое значеше и победа.
За кратко време Евертон имаше уште една голема шанса, Де Хеа одбрани. Тој беше на висината на задачата, но неговите соиграчи во офанзивата имаа очаен ден, не успеваа да креираат сериозни шанси за гол.






