понеделник, 22 декември 2025

Ериксен се врати во дресот на Данска и за две минути постигна прекрасен гол! (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Пред скоро десет месеци, Кристијан Ериксен добро ги исплаши сите, во дресот на Данска, колабираше на теренот на мечот против Финска на Европското првенство.

Спретната интервенција на докторите му го спасија животот, неколку дена подоцна му беше извршена и операција и му беше вграден дефибрилатор.

Но љубовта кон фудбалот беше поголема па тој во јануари потпиша за Брентфорд и минатиот месец му се врати на фудбалот.

Вечерва повторно го облече дресот на Данска и постигна погодок по само две минути поминати на теренот. Фудбалерот од средниот ред доби шанса на стартот од второто полувреме на пријателскиот натпревар против Холанија и во 47. минута биеше неодбранливо за 3-2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ