четврток, 25 декември 2025

Ериксен: Сакам да ме третираат како и секој друг, луѓето не треба да се грижат за мене

Објавено на

часот

Сподели

Ериксен го исплаши целиот свет кога колабираше за време на меч од Европското првенство, неговиот живот тогаш беше спасен, а сега тој е подготвен да му се врати на фудбалот.
 
Вели дека сака да го третираат како и секој друг бидејќи добил зелено светло дека може да игра и подготвен е за предизвикот.
 
„Се надевам дека ќе ме третираат како секој друг. Добив зелено светло. Луѓето не треба да се грижат за мене како човек или како фудбалер“, вели Ериксен.
 
„Доколку имаше било какви причини за загриженост, немаше да се вратам за да играм. Се чувствувам 100 проценти подготвен да му се вратам на фудбалот“.
 
„Се чувствувам нормално со дефибрилаторот, единствен проблем ми е безбедносниот систем на аеродромоите. Се надевам дека со тек на време ќе зборуваме повеќе и повеќе за фудбалот а помалку за човекот на кој му се случи нешто летото“.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ