Сега е и официјално, Манчестер јунајтед го потврди ангажманот на Ерик тен Хаг кој стави потпис на договор до јуни 2025 година со опција за уште една.
„Манчестер јунајтед со задоволство може да го соопшти назначувањето на Ерик тен Хаг за тренер на првиот тим од крајот на оваа сезона до јуни 2025 година, со опција за уште една година“, стои во соопштението на клубот.
Тен Хаг вели дека му е голема чест што ќе биде тренер на Манчестер јунајтед.
„Голема чест е што сум именуван за тренер на Манчестер јунајтед и многу сум возбуден за предизвикот кој е пред мене. Ја знам историјата на овој голем клуб и пасијата на фановите и апсолутно сум посветен да развијам тим кој ќе носи успех кој го заслужува“, вели Тен Хаг.






