недела, 21 декември 2025

Емполи за осум минути му даде три гола на Наполи и дојде до луда победа (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот почна според очекувањата, пред крајот на првото полувреме Мертенс донесе водство за Наполи од 1-0, а по осум минути игра во вториот дел Инсиње зголеми на 2-0.
 
Но, чудото почна да се случува од 80. минута кога Хендерсон намали на 1-2, три минути подоцна Пинамонти израмни на 2-2, а истиот фудбалер даде гол во 88. минута за пресврт и победа на Емполи од 3-2.
 
Елиф Елмас поради повреда не беше дел од овој натпревар.
 
Болоња и Удинезе одиграа нерешено 2-2, а Салернитана ја победи Фиорентина со 2-1 и ги задржа шансите за опстанок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ