среда, 17 декември 2025

Емотивно збогување на Кјелини од навивачите на Јувентус (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Кјелини беше стартер на мечот со Лацио, но одигра само 16 минути. Тоа и беше планот, да го почне мечот, да одигра некоја минута и да излезе како би се збогувал со навивачите.
 
Кјелини со стоечки овации беше поздравен од навивачите, големи беа емоциите кај него, но и кај сите во Јувентус.
 
Тој играше 120 минути против Интер во Купот на Италија, па денеска Алегри реши да му даде само симболична минутажа за да се збогува на вистински начин.
 
Јувентус во последното коло гостува кај Фиорентина, но очекувањата се дека Кјелини нема да игра на тој натпревар што значи дека денеска беа неговите последни минути во дресот на Јувентус.
 
Кјелини за Јувентус дебитираше на 15. октомври 2005 година против Месина, отогаш 560 пати го носеше дресот на старата дама.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ