понеделник, 22 декември 2025

Елмас: Жал ми е што Италија нема да игра на Светско првенство

Објавено на

часот

Сподели

Македонија ја фрли Италија во депресија откако ја победи во Палермо и им го сруши сонот за пласман на Мундијалот. Но Елиф Елмас не беше дел од тој натпревар поради суспензија, па не е директен виновник за елиминацијата на Италијаните.
 
„За Македонија таа победа беше победа од соништата. Бевме пресреќни. Јас не играв, бев на трибините поради суспензија, сон е на секој да ја победи Италија. Жал ми е што Италија нема да игра на Светското првенство, имам многу пријатели тука и Италија заслужува да биде дел од Мундијалот. Против нас одиграа фантастичен меч, но таков е фудбалот, не победува секогаш подобриот и посилниот“, рече Елмас.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ