понеделник, 22 декември 2025

Елмас: Да го оствариме сонот од детство, да се пласираме на Светско првенство

Објавено на

часот

Сподели

На мечот против Италија го немавме Елмас поради суспензија, но сега тој е свеж за дуелот со Португалија, а тоа може да биде од пресудно значење за нас.
 
„Ова можеби е еден од најтешките и највозбудливите натпревари за сите играчи кои сме тука. Имаме 90 минути за да си го исполниме сонот од детство, сонот на сите, на цела нација, на цела држава. Треба да знаеме дека ова е шанса која не смееме да ја испуштиме, мора да изгинеме максимално за да стигнеме до Катар“, вели Елмас.
 
„Овој меч ќе биде поразличен, мислам дека Португалија индивидуално е поквалитетна од Италија, знаат дека се игра финале, знаат дека не смеат да не потценат, а би сакал да не потценат. Ќе биде поразлично, ова е финале и двете селекции се на 90 минути до пласман на Светско првенство“.
 
Натпреварот меѓу Португалија и Македонија се игра во вторник со почеток од 20:45 часот.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ