Ѕвездите на Ливерпул Мохамед Салах и Садио Мане ќе играат еден против друг во финалето на Африканскиот куп на нации откако Египет го совлада Камерун.
По 120 минути борба на теренот немаше ниту еден гол, иако и двете репрезентации имаа свои шанси за погодок, особено Камерун кој погоди пречка и стативата.
Но, откако никој не успеа да даде гол, пеналите беа тие кои требаше да го решат победникот, а во нив домаќините се покажаа како очајни изведувачи.
Притисокот веројатно одигра голема улога, Камерун промаши дури три од четири изведени пенали, два од нив ги одбрани голманот Габаски кој е херојот на Египет на овој натпревар. Сите тројца изведувачи на Египќаните беа прецизни од белата точка.
Во неделното финале кое се игра од 20 часот, за големиот пехар на Африка ќе се борат Сенегал и Египет.






