сабота, 21 март 2026

Двајца фудбалери убиени во војната помеѓу Украина и Русија

Објавено на

часот

Сподели

Изминативе денови имаше неколку извештаи за спортисти кои го загубиле животот во војната помеѓу Украина и Русија. Здружението на професионални фудбалери, ФИФПро попладнево соопшти дека биле убиени двајца фудбалери.

Се работи за 21 годишниот Витали Сапило, член на младинскиот тим на Карпати Лвив и 25 годишниот Дмитро Мартиненко од ФК Гостомел.

Се говори дека Витали Сапило бил убиен на 25. февруари во околината на Киев во борбите со руските војници.

Дмитро Мартиненко го загубил животот заедно со неговата мајка кога нивниот дом бил бомбардиран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ