четврток, 25 декември 2025

Два гола за три минути на Жиру, Милан го доби големото градско дерби (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Интер важеше за благ фаворит во ова градско дерби и така го почна натпреварот. Во 38. минута со гол на Перишиќ поведе со 1-0.
 
Водството беше актуелно се до 75. минута кога почна шоуто на Жиру. Французинот најпрво го изедначи резултатот на 1-1, а само три минути подоцна погоди и за победа од 2-1.
 
Во самиот финиш од мечот Милан остана со фудбалер помалку откако Тео Ернандез доби црвен картон. Но немаше време за Интер.
 
Сега Милан има само еден бод помалку од Интер, но нероазурите имаат натпревар помалку.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ