четврток, 25 декември 2025

Два дена по крајот на преодниот рок, Обамејанг потпиша за Барса

Објавено на

часот

Сподели

Пјер Емерик Обамејанг е четвртото засилување за Чави во зимскиот преоден рок, напаѓачот пристигнува како слободен играч откако го раскина договорот со Арсенал и се создадоа услови тој да направи трансфер надвор од преодниот рок

Како што пренесе Барселона, Пјер Емерик Обамејанг ќе стави потпис на договор со трајност до 30. јуни 2025 година.

Но неговата анвантура на Камп Ноу може да заврши многу порано, има опција за прекин на соработката на 30. јуни 2023 година. Што се однесува до откупната клаузула, таа е поставена на 100 милиони евра.

Пјер Емерик Обамејанг веќе е регистриран во Ла Лига, па веднаш може да му се стави на располагање на Чави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ