Јувентус беше голем фаворит против Болоња, но на крајот се спасуваше од пораз.
Болоња остана со девет фудбалери во финишот и не можеше да ги издржи силините напади на Јувентус.
Резултатот беше отворен во 52. минута кога Арнаутовиќ постигна гол за водство на Болоња од 1-0.
Потоа почна силен протисок на Јувентус кој не реализираше неколку шанси. Клучниот момент на мечот се случи во 84. минута кога Сумаоро заработи црвен картон, а Медел поради протест за тоа доби два жолти картони па и тој беше исклучен.
Потоа следуваше уште пожесток притисок на Јувентус а во 94. минута конечно дојде и гол. Мората биеше со ножички, топката дојде до Влаховиќ кој со глава ја смести во мрежата на гостите за конечни 1-1.






