четврток, 25 декември 2025

Душан Влаховиќ го однесе Јувентус во полуфинале (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Два натпревари за Душан Влаховиќ во дресот на Јувентус и два постигнати гола, овој пат српскиот фудбалер со доза на среќа му донесе триумф на својот тим кој значеше победа.
 
Јувентус тргна одлично, со гол на Дибала уште во третата минута поведе со 1-0.
 
Но, Сасуоло не се откажуваше, со гол на Траоре во 24. минута го изедначи резултатот на 1-1.
 
Јувентус со сите сили се обидуваше да го врати водството, но голманот Пеголо беше фантастичен на голот на Сасуоло.
 
Притисокот вроди со плод во самиот финиш. Душан Влаховиќ направи одличен продор, шутираше, топката се одби од играч на Сасуоло и влезе во голот за победа на Јувентус од 2-1.
 
 
Јувентус во полуфиналето ќе игра против Фиорентина, а во другиот дуел ќе се сретнат градските ривали Милан и Интер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ