Милан и Јувентус ги поделија бодовите играјќи нерешено 0-0.
Фудбалерите на теренот покажаа голема борба и тактичко надмудрување, но возбудата изостана, идеални шанси дури и да немаше.
Златан Ибрахимовиќ поради повреда мораше да излезе од игра уште во 28. минута од натпреварот.
Од нерешениот резултат на дербито најзадоволни се конкурентите на Милан и Јуве за високите позиции.
По овој меч следува пауза во Серија А до 6. февруари, тогаш на програмата е големото дерби меѓу Интер и Милан.






