сабота, 20 декември 2025

Донарума: Следната сезона нема да биде вака, ПСЖ ќе избере, или јас или Навас

Објавено на

часот

Сподели

ПСЖ има двајца елитни голмани, па Џиџо Донарума и Кејлор Навас ги делеа натпреварите.

Од тоа не се задоволни и двајцата, па раководството на ПСЖ се чини дека ќе треба да се ослободи од еден од нив.

„Сакам да останам тука во ПСЖ. Ова не беше лесна сезона, бранев на половина од натпреварите и не можев да го дадам најдоброто“, вели Донарума.

„Конкуренција со Кејлор Навас и следната година? Не, нема да биде така. Клубот ќе направи избор“.

Се претпоставува дека ПСЖ ќе го продаде Навас или ќе го прати на позајмица, а Донарума ќе биде прв голман. Но веројатно одлуката ќе зависи и од новиот тренер, доколку се остварат најавите за промена на тренерската позиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ