Рајо Ваљекано иако цела сезона игра одлично на домашен терен, овојпат кога најмногу требаше попушти и го загуби првото полуфинале.
Натпреварот почна одлично за нив, веќе во 5. минута поведоа со 1-0 со гол на Гарсија.
Во 26. минута Бетис изедначи со гол на Иглезиас од далечина, а во 68. минута Вилијам Карваљо одлично се ослободи од еден од домашните дефанзивци, излезе сам пред Димитриевски и погоди за победа од 2-1.
Уште ништо не е готово, но со овој триумф Бетис направи крупен чекор кон финалето.






