Стивен Џерард полека ја реновира Астон Вила, во овој преоден рок успеа да ги донесе Кутињо и Лукас Дињ, а веќе крои планови и за на лето.
Информациите велат дека Џерард сака да го донесе Луис Суарез во Астон Вила и за тоа веќе зборувал со својот поранешен соиграч од Ливерпул.
Суарез по крајот на оваа сезона е слободен играч, тој веќе одби понуди од Бразил и Саудиска Арабија и се чини дека преферира да се врати во Премиерлигата.






