Дембеле одбива да го продолжи договорот со Барселона под условите кои му ги нуди клубот. Поради таквата ситуација тие сакаат да го продадат во јануари со цел да заработат барем некој милион од неговиот трансфер.
Но, се чини дека Дембеле нема да се согласи со тоа, ќе го одработи договорот со Барселона и ќе си замине како слободен играч со што може да добие поголема лична понуда од заинтересираните клубови.
„Не дозволувам некој да има впечаток дека не сум вклучен во спортскиот проект. Не дозволувам некој да ми препишува некакви намери кои што никогаш не сум ги имал. Сè уште сум под договор и целосно сум вклучен и му стојам на располагање на мојот клуб и на мојот тренер“, вели Дембеле.
„Отсекогаш давав сè за моите колеги и се за сите партнери… тоа нема сега да се промени. Не сум човек кој изневерува и уште помалку некој кој попушта при уцени“.






