Деле Али ќе се обиде да си ја врати кариерата на прав пат под водсто на Френк Лампард. Во сезоните 2015/16 и 2016/17, Англичанецот беше беше прогласен за најдобар млад играч во Премиерлигата во изборот на фудбалерите, но потоа следуваше драстичен пад во формата.
Подолго време се најавуваше дека Тотнем ќе го продаде Деле Али, и тоа конечно се случи вчера, во последниот ден од зимскиот преоден рок.
Зделката се реализираше во пет до 12 и трансферот е прилично чуден. Фудбалерот од средниот ред потпиша со Евертон до јуни 2024 и во прв момент пристигнува беспари, но „карамелите“ можат да платат и до 52 милиони евра.
Првата исплата е вредна 12 милиони евра и ќе се случи кога Деле Али ќе одигра 20 натпревари.
Во зависност од неговите настапи и успесите на Евертон, можат да бидат платени уште додатни 35-40 милиони евра во бонуси.






