Манчестер јунајтед доживеа нов шамар во Премиерлигата, овојпат од Брајтон кој ја наполни мрежата на Де Хеа.
Резултатот беше отворен во 15. минута кога Каиседо со удар од далечина погоди за водство на Брајтон од 1-0.
По четири минути игра во второто полувреме Кукуреља зголеми на 2-0, а потоа следуваа уште два гола брзи гола за комплетен потоп.
Во 57. минута Грос погоди за 3-0, а веднаш потоа реализираше и Тросар за конечни 4-0.






