четврток, 25 декември 2025

Дебакл на Манчестер јунајтед, Мидлсбро ги исфрли „ѓаволите“ од ФА Купот (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Манчестер јунајтед рано го заврши настапот во ФА Купот откако доживеа непријатен шок на Олд Трафорд.
 
Можеби се ќе беше поинаку доколку Кристијано Роналдо во 20. минута не промашеше пенал, Португалецот го промаши целиот гол.
 
 
Но, пет минути подоцна Манчестер јунајтед сепак дојде во водство, Џејдон Санчо погоди за предност од 1-0.
 
 
Водството траеше до 64. минута кога Мидлсбро постигна сомнителен погодок за израмнување. Ватмор кој беше асистент играше со рака, па додаде до Крокс кој изедначи на 1-1. Нејасно е зошто не беше поништен погодокот.
 
 
Јунајтед се обидуваше уште во регуларниот тек да го врати водството но не успеа. Поминаа 90 минути, па натпреварот отиде во продолженија. И по 120 минути игра немаше гол, пеналите требаше да го решаваат победникот.
 
До почетокот на осмата серија двата тима беа перфектни од белата точка, Еланга го утна осмиот удар за Манчестер јунајтед по што славјето на Мидлсбро можеше да почне. Пенал серијата заврши 8-7 во корист на второлигашот.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ