Холанѓанецот во Ајакс се промовираше во еден од најперспективните дефанзивци, во 2019 неколку гиганти пројавија интерес за неговите услуги а тој одбра преселба во Јувентус во трансфер вреден 75 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во бонуси.
Во разговор со СиБиСи Спортс, тој вели дека е среќен во Јувентус и открива од што најмногу се изненадил по преселбата во „старата дама“:
„Секој натпревар тука е навистина тежок. Во Ајакс, кога игравме против 15-тиот на табелата и победевме 2-0, тоа беше разочарување. Во мојата прва сезона во Јувентус, кога игравме против последниот на табелата, сите беа среќни со победа од 1-0. Јас се чудев, си велев, „Што е работава, да победивме, но само со 1-0, требаше да победиме со поголема разлика, ние сме подобар тим“. Но тука нивото на послбите тимови е многу повисоко“ – вели дефанзивецот, кој ја игра својата трета сезона во дресот на „бјанконерите“.






