24-годишниот Ивановски направи голем успех откако стана балкански шампион и постави нов рекорд на Македонија во полумаратон.
Тој има победи и на полумаратонските трки во Белград и Скопје во 2017 година, четврто место на Балканското првенство во Истанбул година подоцна и сега стана државен рекордер.
И на минатогодишното балканско првенство во полумаратон на трката „Трчај бе“ во Битола, Ивановски го сруши националниот рекорд, тогаш заврши како трет и го освои бронзениот медал.






