вторник, 23 декември 2025

Црвена звезда убедливо поразена во Глазгов, само реми за Барса против Галатасарај (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Исто како и Партизан, и Црвена звезда ќе го почне реваншот со -3 гола. Црвено-белите загубија со 3-0 на гостувањето кај Глазгов Ренџерс.
 
Резултатот можеше да биде поинаков, два гола на Катаи беа поништени од ВАР поради офсајд, а колку тој немаше среќа денеска стои фактот дека и промаши пенал во 24. минута. Српскиот тим имаше и уште неколку убави шанси, Канга ја погоди пречката.
 
Барселона беше импресивна против Наполи, но вечерва не ја оправда улогата на фаворит против Галатасарај откако одигра 0-0.
 
Најмногу голови имаше на мечот меѓу Аталанта и Баер Леверкузен каде италијанскиот тим победи со 3-2.
 
Добра предност направи Брага која со 2-0 го победи тимот на Монако.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ