Манчестер јунајтед има катастрофална трансфер политика, тоа го покажа последното истражување на Меѓународниот центар за спортски студии (ЦЕИС).
„Ѓаволите“ во последните десет години имаат нето потрошувачка (пара потрошени на трансфери минус пари добиени од продажба на играчи) од 1,075 милјарди евра. И покрај тоа што клубот од Олд Трафорд е на врвот во оваа категорија, можат да се пофалат само со една титула во Премиерлигата во овој период, и тоа во сезоната 2012/13.
На второт место се наоѓа Манчестер Сити, „граѓаните“ имаат нетро потрошувачка од 984 милиони евра, а во топ три уште се наоѓа ПСЖ со 941 милион евра.
Потоа следуваат Барселона (650 милиони), Арсенал (583 милиони), Јувентус (561 милион), Милан (432 милиони), Евертон (429 милиони), Астон Вила (424 милиони) и Челси (413 милиони).
Доколку се земе само бруто потрошувачката, на врвот се наоѓа Манчестер Сити со 1,699 милјарди евра, а потоа следуваат Барелона (1,630 милјарди), Челси (1,614 милјарди), Манчестер јунајтед (1,545 милјарди евра), Јувентус (1,542 милјарди) и ПСЖ (1,445 милјарди евра).
Над една милјарда бруто во последните десет години имаат потрошено уште Ливерпул (1,128 милјарди), Интер (1,058 милјарди), Арсенал (1.029 милјарди) и Тотнем (1,013 милјарди).
Најуспешно во последните 10 години работел Лил, кој е во позитива од 349 милиони евра, односно на засилувања потрошил 319 милиони евра, а од продажба на трансфери инкасирал 668 милиони евра.
Анализата е правена во најдобрите пет првенства во Европа, па затоа на списокот нема клубови како Ајакс, кој по традиција работи извонредно на трансфер пазарот.






