сабота, 20 декември 2025

Чурлинов слави, Шалке се врати во Бундеслигата

Објавено на

часот

Сподели

Сент Паули имаше водство од 2-0 по првото полувреме благодарение на два гола на Игор Матановиќ. Но работите се променија во второто полувреме.

Најпрво Симон Тероден во 47. минута од пенал намали на 1-2, а истиот играч во 71. минута го израмни резултатот на 2-2, по асистенција од Дарко Чурлинов. Седум минути подоцна погоди и Родриго Салазар за победа на Шалке од 3-2.

По последниот судиски свиреж навивачите на Шалке влегоа на теренот и бурно се славеше успехот. Чурлинов славеше и со факел во раката.

Македонецот игра на позајмица во Шалке од Штутгарт. Тој сака да остане во тимот од Гелзенкирхен, тоа го сакаат и навивачите. Неговата иднина допрва ќе се решава.

На едно коло до крајот Шалке има 62 бода на врвот, а Хамбургер на второто место има 57, толку имаат и Дармштад и Вердер Бремен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ